Дарко Крстевски RSS

Archive

Sep
30th
Wed
permalink

Таткото, Синот и Енциклопедијата

Ситуација 1

Синот бил немирен, па таткото му наредил дека за секоја грешка што ќе ја прави, ќе кова по еден клинец на вратата. После 2 месеци, цела врата била искована. Синот сватил дека многу грешел, па рекол: „За секоја добра работа, ќе вадам по еден клинец“. За неполн месец ги извадил сите, па му рекол на татка си: „Може два месеца грешев, ама еве за неполн месец ги поправив сите грешки“. Да, ама дупките останаа.

Ситуација 2

Прашал синот што значи тоа црква, па таткото му објаснил: „Тоа е место каде што се молиш за некоја желба да ти се исполни и каде што се каеш за некоја грешка што си ја направил да ти биде простена.“ Се молел синот 3 месеци да му купат велосипед, па после си украл еден, и секој ден се молел да му ја простат грешката.